Хаџер Ал-Али (33), бездомник од Амстердам, не знаел каков пресврт ќе следи, откако неодамна пронашол паричник во кој имало 2.000 евра и го однел во полициска станица . Паричникот го нашол на главната железничка станица во градот додека барал празни лименки , пренесува Yahoo.„Помислив, можеби тоа е некој кому навистина му требаат тие пари“, рече Хаџер.Меѓутоа, во паричникот немало лични документи, па полицијата не можела да го пронајде сопственикот . Без разлика, тие сакаа да го наградат чесниот пронаоѓач.„Верувам дека нешто добро доаѓа од добро дело“Полицијата му врачи ваучер од 50 евра и признание во форма на сребрена скулптура на палецот , награда која полицијата ја доделува на заслужните граѓани на Амстердам, а потоа започна хуманитарна кампања со која се собрани повеќе од 34.000 евра за Хаџер во еден ден . Потоа сам решил да ги прекине тие плаќања.„Многу сум благодарен за сè, но не сакам да бидам алчен . Сакам да ги заработам моите пари“, рече тој.
A homeless man in the Netherlands received a good citizen award after he handed over a wallet he found stuffed with 2,000 euros in cash.Hadjer Al-Ali, a father of two, was picking up plastic bottles in Amsterdam to make a few cents when he found the money. Officials rewarded… pic.twitter.com/Qe2C5mEcXz— Hespress English (@HespressEnglish) June 28, 2024
Сепак, тоа не беше крајот. На крајот, на Хаџер му понудил работа од сопственикот на фирма за асфалтирање .„Мојот живот дефинитивно ќе се подобри после ова, сега можам повторно да инвестирам во иднината. Секогаш верувам дека од доброто дело доаѓа уште едно добро, но вакво нешто не сум сонувал“, заклучил тој.