Бездомник секој ден барал храна во контејнер: Еден ден ја пронајде оваа порака и од срце се расплака

Бездомник барал храна во контејнерот на еден ресторан. Гостите за тоа му кажале на менаџерот на ресторанот, а тој решил да направи нешто убаво!
Не можел да го игнорира фактот, па му напишал на бездомникот една порака.
„До личноста која пребарува во контејнерот барајќи нешто за јадење.

Ти си човек и за тебе не е храна тоа што ќе најдеш во контејнер. Те молам, влези кај нас во текот на работното време и земи неколку парчиња топло јадење и чаша вода бесплатно. Без никакво прашање“.
Инаку, ова се случило во градот Фарго, во САД. Некој го фотографирал овој напис и го споделил со луѓето на социјалните мрежи.
Овој менаџер е вистински херој, зарем не?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.