Бездомник станал милионер градејќи плажи во дворовите на луѓето

Кога имал 15 години, Ерик бил бездомник околу 8 месеци.
„Додека растев нештата не беа едноставни за мене.“
Тој се отпишал од училиште во деветто одделение и знаел да чита само колку второодделенец.
„Едвај можев да си го напишам името.“
И покрај недостигот од образование, тој секогаш сметал дека го разбира градежништвото.
„Знаев дека ако го работам тоа ќе можев навистина да направам нешто.“
На почетокот работел за локална градежна компанија само колку да може да си ги плати сметките. Но, подоцна слушнал за работна позиција која плаќала 10 евра на час.
„Човекот за којшто работев ме надгледуваше и ме научи за компанијата. За 6 месеци бев менаџер на тимот.“


Амбициозниот Ерик продолжил да си го поплочува патот во разни градежни компании, Со тек на времето започнал и своја компанија – бизнис за базени.
„Тој бизнис одеше навистина добро и минатата година го продадов за над милион евра.“
Неговиот следен подвиг бил компанијата Zydeco Construction. Компанијата гради езерца кои изгледаат како плажи и се опкружени со песок. Секое езерце има свои додатоци вклучувајќи кујна, чадори и мрежи за одбојка. 33-годишниот маж смета дека само небото е граница кога станува збор за создавање на плажата од соништата. Ерик ја разгледал неговата визија од секој агол.
„Со години си мислев што ако некој најде начин да го претвори езерцето во рај. Истражував многу и целото знаење го применив за изградба на овие плажи.“


„Отсекогаш ми било сон да ги правам овие работи. Сакам да најдам начин како да направам нешто. Можам да ја разгледам секоја ситуација и да најдам решение. Сакам да бидам на пазарот и да нудам нешто што повеќето компании го немаат.“ Без сомнение, овие езерца се неверојатни. Во просек една ваква плажа чини околу 17.000 евра.
„Секое езерце е прилагодено според местото и муштеријата. Ова не е нешто што може да се направи за еден ден. Овие езерца се плод на вистинска љубов. Правиме нешто различно со секое езерце што го создаваме.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.