Безживотно тело пронајдено во шахта во гостиварско – предадено на обдукција!

Трагичен настан бил пријавен вчера попладне во гостиварското село Дебреше, каде што било пронајдено безживотно тело на 75-годишен маж.

Како што било пријавено во полиција, С.Р. навел дека во шахта, која се наоѓала во куќата на неговиот братучед, го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75).

На местото на настанот бил извршен увид од јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција од Гостивар, информираше портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Пронајдете не на следниве мрежи: