Без кори, ги мешате сите состојки и ја ставате во плех: Едноставен рецепт за шпанска пита кој на сите им успева од прва

Доколку сакате брзи, солени пикантерии тогаш овој рецепт ќе ве купи на прво залче. Кога станува збор за пикантериите во омилените се вбројуваат питата, мафините, кифличките, но и шпанската пита за која многумина велат дека е совршен спој на најубавите состојки.

Состојки:

  • 200 грама брашно;
  • 1 прашок за печиво;
  • 180 милилитри јогурт;
  • 100 милилитри маслиново масло;
  • 4 јајца;
  • 100 грама кашкавал;
  • 150 грама фета сирење;
  • 150 грама шунка;
  • 4 кисели краставички;
  • 1 пиперка.

Подготовка:
Изматете ги јајцата, додадете го брашното и прашокот за печиво, маслото, јогуртот, сечканиот кашкавал, сечкана фета, шунка, краставичка, пиперка и сè измешајте.
Печете ја питата во подмачкан плех или обложен со хартија за печење на 200 степени Целзиусови околу 1 час. Пред крај покријте ја со фолија и намалете ја температурата на 180 степени Целзиусови.
Откако ќе се излади исечете ја на коцки и послужете ја со јогурт или некој друг напиток којшто го сакате.
Оваа пита е одлична и за носење, на пример во текот на утрешниот ден откако ќе ја направите може да си ја носите на работа, но потребно е да ја ставите во некоја чинија со капак за да не ја изгуби свежината и да не се исуши.

Уживајте во оброкот!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.