Без мобилен телефон во училиште

Повеќе од 12 милиони ученици во Франција ја започнаа првата школска година без мобилен телефон, по забраната која беше воведена летово.
Според Предлог законот усвоен на крајот на Јули годинава се забранува користењето на сите уреди поврзани со интернет(мобилен телефон, таблет, часовник…) во училиштата во Франција во кои учат ученици на возраст до 15 години.
Забраната се однесува и на училишните одмори, исклучок се само вонредните состојби и децата со посебни потреби.Учениците се обврзуваат да ги исклучат апаратите при влезот во училиштата или да ги остават во шкафови во училиштата.
Според законот наставниците можат да го одземат уредот од ученикот до крајот на училишниот ден во случај ако некој ученик не го почитува законот.
Забраната за користење на  мобилен телефон , таблет…веќе неколку години се применува во многу училишта во Франција, но сега директорите на училиштата ќе бидат заштитени со закон. Средните училишта според законот имаат можност , но не и обврска да воведат забрана за користење на мобилен.
Инаку во Франција 90 проценти од младите на возраст од 12 до 17 години користат мобилен телефон. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.