Без повредениот Јагуриновски против Холандија

– Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров за утрешниот натпревар од второто коло на Светското првенство нема да може да смета на услугите на десниот бек Томислав Јагуриновски поради повреда.

Јагуриновски предвреме го напушти теренот на средина од првото полувреме на вчерашниот натпревар против Норвешка и според информациите од македонскиот табор станува збор за повреда на скочниот зглоб.

На негово место дополнително е повикан ракометарот на шампионот Вардар 1961, Давид Савревски.

Македонската репрезентација го почна настапот на Светското првенство со висок пораз вчера во Краков од Норвешка од 39-27, а во второто коло во рамки на групата Ф утре од 18:00 часот ќе игра против Холандија. 


Пронајдете не на следниве мрежи: