Без решавање на билатералните проблеми нема членство во ЕУ, порача Хан

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, очекува Северна Македонија да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија, а до крајот на годинава да бидат отворени и првите поглавја.
Во обраќањето на дебатата “Нови перспективи за Република Северна Македонија“ во организација на Виенскиот економски форум, Хан кажа дека земјава е единствената во Западен Балкан која нема спорови со соседите и е политички најстабилна во регионот.
Тој, исто така, нагласи дека Северна Македонија е позитивен пример како можат да се решаваат проблемите и даде охрабрување за надминување и на другите спорови особено меѓу Белград и Приштина.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.