Насмевката ги отвора сите врати? Понекогаш не, во зависност од тоа во која земја сте. Русите се сметаат за луѓе кои секогаш се намуртени и кои на почетокот може да изгледаат како климата во некои делови на земјата – екстремно студено. Русите дејствуваат затворено затоа што не им се насмевнуваат на странци баш така, но штом ќе ги сретнете, ќе откриете дека се добро.
Без смеење: Земји каде насмевката може да ве доведе во неволја
Многу Руси, исто како и многу други народи, мислат дека смеењето без причина е едноставно бесмислено и лажно, а понекогаш индикатор за недостаток на интелигенција или на искреност. Таквиот поглед на светот е потврден со групни фотографии, или на деца или на возрасни, бидејќи Русите често не се смеат. Додека на Запад, па дури и кај нас, вообичаено е да се каже „cheese“ (или некои други, покреативни изрази) и сите да се насмеани.
Додека во некои земји насмевката е показател на топлина и почит, на други места може да биде знак на измама и нечесност. Според еден психолог во сиромашните и корумпирани земји, смеењето без очигледна причина предизвикува сомневања за измама. Овој психолог за да ја потврди својата теза направил илјадници фотографии на луѓе во 44 различни земји и ги спореди со економските услови, како и спроведе истражување за тоа како жителите ги доживуваат насмеаните лица на фотографиите. На Германците, Швајцарците, Кинезите и Малезијците, насмеаните луѓе им изгледаа интелигентни, додека во Јапонија, Индија, Иран и Јужна Кореја ги сметаа за поглупави.
Други истражувања покажуваат дека насмевката не мора да значи дека личноста е среќна. Во „среќните земји“ како Швајцарија, Шведска и Норвешка, жителите главно не се насмевнуваат, додека, на пример, Американците, чиј индекс на среќа се намалува, неуморно ги покажуваат сите заби.