Без струја делови од Ѓорче Петров и Карпош

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Ѓорче Петров и Карпош, соопшти РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Јуриј Гагарин“ во населба Козле во Општина Карпош, а од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улицата „103“ од кружен тек кон селото Кучково во Општина Ѓорче Петров.

Пронајдете не на следниве мрежи: