Претходно „360 степени“ објави дека од извори блиски до истрагата се дознава дека поранешниот министер за економија е вклучен во обезбедување на лиценцата за работење на дискотеката во Кочани како кабаре. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва на прес-конференција потврди дека Крешник Бектеши, поранешниот министер за економија, е на распит во полициската станица „Карпош“. „Имам информации дека се врши разговор и со него. Во моментов е во полициска станица. Не можам да споделам повеќе детали“, одговори Коцевски на прашањето дали има сознанија дека Бектеши е на распит. Претходно „360 степени“ извести дека, според извори од истрагата, поранешниот министер е поврзан со издавањето на лиценцата за работа на дискотеката во Кочани како кабаре. Во несреќата која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, според најновите информации, загинаа 59 лица. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски додаде дека се осомничени над 20 лица.
The post Бектеши бил на распит, потврдува Коцевски appeared first on 365.mk.


