Белата куќа и натаму ќе го поттикнува донесувањето нови закони за оружјето и покрај недоволната поддршка во Конгресот за таквите мерки, изјави американскиот потпретседател Џозеф Бајден.„Нема да се откажам и претседателот нема да се откаже сѐ додека не го сториме тоа“, изјави американскиот потпретседател Џо Бајден во четвртокот на прес-кофнеренциајта во Њујорк на која присуствуваше и градоначалникот Мајкл Блумберг, како и родителите на дваесетте деца на шест и седумгодишна возраст убиени во основното училиште во Њутаун, во сојузната држава Конектикат, што го изврши 26-годишниот Адам Ланза на 14-ти декември 2012 година.„На сите коишто велат дека не сакаме или дека не смееме да ги забраниме магацините со голем капацитет, можам да им кажам само едно; сетите се на Њутаун“, истакна потпретседателот на САД, споменувајќи ги во својот говор „прекрасните дечиња“ убиени во училиштетот.Демократските претставници во Сенатот во вторникот објавија дека не се откажуваат од мерките за кои сѐ дотогаш се залагаа, односно за забраната на автоматско и полуавтоматско оружје со кои го изврши масакрот налудничавиот напаѓач во Њутаун кога покрај 20-те деца уби и шестмина возрасни меѓу кои и неговата мајка која всушност го купувал оружјето и муницијата и ги учела своите два сина да пукаат.Нацрт-законот наиде на голем отпор од заговорниците на правото на носење оружје, гарантирано со американскиот устав, од страна на опозициските републиканци, меѓутоа и од страна на повеќе демократски претставници.Американскиот конгрес во моментов проучува и други мерки, како воведувањето ан задолжителна проверка на личните документи и судските досиеја пред секое купување оружје, како и на саеми на оружје и преку интернет.
МакфаксБелата куќа и натаму ќе го поттикнува донесувањето нови закони за оружјето и покрај недоволната поддршка во Конг