БЕЛА КУЌА: Бајден нема намера да се сретне со Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден нема намера да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 следниот месец на индонезискиот остров Бали, изјави денеска портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.

– Претседателот рече дека нема намера да седне на маса со Владимир Путин – изјави Кирби, пренесе Си-Ен-Ен.

Од друга страна, Путин претходно денеска во говорот во меѓународниот дебатен клуб „Валдеј“ рече дека се уште не одлучил дали ќе присуствува на самитот на Г-20 следниот месец во Индонезија.

Тој додаде дека доколку не отпатува на самитот закажан за 15 и 16 ноември, на негово место ќе дојде висока руска делегација, пренесе Ројтерс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.