Бела Хадид и нејзиниот партнер Адан Бануелос се разделија по две години врска

Бела Хадид и нејзиниот партнер Адан Бануелос ја прекинаа врската по две години.

Извор близок до двојката изјави за „Пипл“ дека Хадид се обидува да остане позитивна.

„Таа е зафатена со работа и поминува време со блиски пријатели. Сè уште се справува со емоциите по раскинувањето бидејќи тоа беше многу сериозна врска“, рече тој.

Минатата година, Бануелос споделија фотографии од нив како ја прославуваат својата годишнина и роденденот на Бела. На фотографиите, двојката покажа посебна блискост, со бакнежи и држење за раце.

„Октомври стана посебен месец. Тоа е месецот во кој Бог те испрати, со целиот хаос и грдотија, ни даде нешто чисто и убаво. Те сакам, душо. Ќе те потсетувам секој ден колку многу“, изјави тој.

Хадид претходно изјави дека Бануелос не знаел многу за нејзината слава кога се запознале.

Таа неодамна ја промовираше својата најнова улога во филмот „Убавицата“ во кој главните улоги ги играат Ештон Качер, Ентони Рамос и Џереми Поуп.
The post Бела Хадид и нејзиниот партнер Адан Бануелос се разделија по две години врска appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: