Бела јагода: Необично овошје кое го пробале само ретки среќници

Белиот „скапоцен бисер“ е најретка врста на бели јагоди, а поради тоа и неговата цена е превисока.
Белата јагода е необичен вид на овошје. Таа е карактеристична по својата бела боја на плодот и црвените семиња, додека вкусот варира во зависност од подвидот на сортата.
Најредок меѓу нив е „White Jewel“, односно белиот бисер. Јасухито Ташима од Каратсу, Јапонија, поседува фарма од овие величенствени плодови, за кои тврди дека се послатки од оригиналните што се црвени.


Треба да имате предвид дека размножувањето воопшто не е едноставно, а поради белата боја на плодот, сите несовршености полесно може да се забележат. Токму поради тоа, Ташима продава само една десеттина од она што го култивира.
Поради малото производство, ова овошје е достапно само во околината на тоа јапонско место и има повисока цена од вообичаените бобинки.

За белиот „скапоцен бисер“, треба да одвоите околу 35 евра, на локалниот пазар.
Во видеото „Great Big Story“, погледнете како се одгледуваат најретките бели јагоди на светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.