Белгија – една од најскапите репрезентации кои ќе гостуваат во Скопје

Фудбалската репрезентација на Белгија, која во петок против Македонија ќе го одигра квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство, е една од најскапите репрезентации кои гостувале во Скопје.Според специјализираниот портал за фудбалски трансфери „transfermarkt.de“, играчите кои ќе допатуваат во Скопје се проценети на вкупна сума од 319,5 милиони евра.Најскап играч во составот на селекторот Марк Вилмотс е Еден Азар, фудбалерот на Челзи, кој е проценет на 40 милиони евра, пет милиони евра помалку на пазарот вреди Венсан Компани, чиј настап поради повреда е неизвесен, но тој ќе допатува со репрезентацијата во Скопје.Пазарна вредност на репрезентативците на Белгија:Голмани: Куртуа, Атлетико Мадрид (15 млн. евра), Жиле, Торино (2), Мињоле, Сандерленд (5,5)Одбрана: Компани, Манчестер Сити (35),  Вермален, Арсенал (18) , Вертонген, Тотенхем (19), Алдервирелд, Ајакс (10), Ван Бајтен, Баерн Минхен (1,5) Циман, Стандард (2,5),   Покоњоли, Хановер (2,5)Ред за врска: Витсел, Зенит (30), Фелаини, Евертон (28), Чадли, Твенте (8,5), Дефур, Порто (10), Дембеле, Тотенхем (21), Симонс, Нирнберг (1)Напад: Азар, Челзи (40), Бентеке, Астон Вила (12), Де Брујн, Вердер Бремен (10), Лукаку, ВБА (19), Мартенс, ПСВ (12), Миралас, Евертон (10), Восен, Генк (7).Репрезентацијата на Македонија „transfermarkt.de“ ја проценува на речиси 12 пати помала сума, избраниците на Чедомир Јаневски на пазарот вредат 27,2 милиони евра. Најскап е капитенот Горан Пандев, кој е проценет на 10 милиони евра.
МакфаксФудбалската репрезентација на Белгија, која во петок против Македонија ќе го одигра квалификацискиот натпревар за плас

Пронајдете не на следниве мрежи: