Белгија не дозволува Украина да западното оружје да се користи за цели во Русија






Белгија не ја промени својата одлука за ограничувањата со кои обезбедува оружје за Украина, соопшти денеска белгиското Министерството за одбрана.

Белгија продолжува да бара доставената муниција да не се користи за напади врз цели во Русија.

Претходно оваа недела, премиерот на Белгија, Александар де Кроа и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишаа билатерален безбедносен договор во Брисел, кој предвидува најмалку 977 милиони евра воена помош за Киев до крајот на годината и постојана поддршка во следните 10 години.

Согласно договорот, Белгија до 2028 година ќе и достави на Украина 30 борбени авиони Ф-16, опрема за противвоздушна одбрана, артилериска муниција и воена машинерија.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: