Белгија: Осуден на 3 години затвор поради кражба на велосипед, судот утврдил еколошки злостор

Судот во Брисел изрече тригодишна затворска казна за украден велосипед и оцени дека станува збор за “еколошки злостор“.
Судијата оценил во својата аргументација дека со кражбата на велосипедот не само што е нанесена материјална штета, туку жртвата е приморана поради оваа кражба да користи превозни средства кои загадуваат значително повеќе од велосипедот, и со тоа е нанесена и еколошка штета бидејќи другите превозни средства придонесуваат за глобалното затоплување.


Крадецот доби строга тригодишна затворска казна, која несомнено се должи и на фактот што станува збор за рецидивист. Осудениот 41-годишник претходно седумнаесет пати бил осуден за слични кражби за кои добил дванаесет години куси условни затворски казни.
Судијата изјави дека е неприфатливо што судот не ги применил ниеднаш овие казни досега и дека овој пат осудениот мора да отслужи три години затвор без можност за апелација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.