Белгија откри тежок метал во замрзнати малини од Србија

Белгија во петокот ја извести Европската комисија дека пронашла метал кадмиум во замрзнати малини од Србија, се наведува на веб-страницата на системот за предупредување за безбедност на храната на Европската унија.

На платформата на Системот за брзо предупредување за храна (RASFF), на веб-страницата на Европската комисија, се наведува дека консумирањето на овие малини може да има сериозен ризик по здравјето.

Тие појаснуваат дека кадмиумот припаѓа на тешки метали.

Дистрибуцијата на тие малини била ограничена само на Белгија, а проблемот го утврдила компанијата која ги дистрибуира на пазарот.

Пронајдете не на следниве мрежи: