Седма рунда од дијалогот меѓу Србија и Косово под покровителство на ЕУ треба да се одржи во среда во Брисел.Новата рунда преговори следи по неуспешната шеста рунда, кога српскиот премиер Ивица Дачиќ и неговиот косовски колега Хашим Тачи не успеаја да се договорат околу функционирањето на локалните управи на северот на Косово.На неодамнешните состаноци на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон со властите во Белград и Приштина, беше истакнато дека договорот меѓу двете страни е на дофат, но повторно позициите се оддалечија.Од успехот на овие преговори во голема мера зависи и дали Србија ќе го добие датумот за почеток на преговорите со ЕУ, но и дали Косово ќе го потпише Договорот за стабилизација и асоцијација, што на двете земји им ги отвара европските перспективи.
МакфаксСедма рунда од дијалогот меѓу Србија и Косово под покровителство на ЕУ треба да се одржи во среда во Брисел.