Белграѓани ја одбележаа 10 годишнината од убиството на Ѓинѓиќ

Илјадници луѓе во вторник прошетаа низ центарот на Белград, по повод 10 годишнината од убиството на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ.На чело на колоната се наоаѓаа претседателот на Демократската партија Драган Ѓилас, Борис Тадиќ, како и лидерот на Либерално-демократската партија Чедомир Јовановиќ, кои пред зградата на Владата, каде што беше убиен Ѓинѓиќ, положија цвеќе.Попладне ќе се одржи Академија „Зоран Ѓинѓиќ живее“, на која ќе бидат претставени делови од неговите говори, одбрани фотографии и видео записи.Претходно владина делегација, предводена од премиерот Ивица Дачиќ, положија венец и цвеќиња на спомен плочата на Зоран Ѓинѓиќ пред влезот во зградата на Владата.Пред точно десет години на влезот во зградата на Владата беше убиен првиот демократски избран премиер на Србија и лидер на Демократската партија Зоран Ѓинѓиќ.
МакфаксИлјадници луѓе во вторник прошетаа низ центарот на Белград, по повод 10 годишнината од убиството на поранешниот

Пронајдете не на следниве мрежи: