Едно неодамна спроведено истражување покажа дека одредени видови на храна која луѓето ја консумираат секојдневно, го скратува животниот век.
Некои намирници го зголемуваат ризикот од прерана смрт. Едно истражување кое неодамна беше направено во соработка со повеќе од 5.000 луѓе покажа дека луѓето кои јадат црвено месо или пржено, слатка храна, бел леб, путер и крем се со два пати поголема веројатност да умрат предвреме или да бидат сериозно болни во текот на староста.
Исхраната врз основа на брза и нездрава храна лошо влијание врз луѓето од целиот свет, а некои земји веќе се соочуваат нејзините последици. Само во Велика Британија, т.н. западна храна влијаела таа година во оваа земја од срцеви заболувања да заболат околу 94.000 луѓе.
Истражувањето беше спроведено на 3775 мажи и 1575 жени кои имале во просек 51 години, во периодот од 1985 година до 2009 година. Нивното здравје се следело во болница, и на секои пет години, научниците откриле дека стапката на смртност и хроничните болести се зголемува меѓу учесниците.
Од вкупниот број на испитаници, само четири проценти доживеале “нормална возраст”, 12 проценти од испитаниците кои биле хранети со класична западна храна настрадале од мозочен удар или срцев удар, додека три проценти починале од кардиоваскуларни болести.Едно неодамна спроведено истражување покажа дека одредени видови на храна која луѓето ја консумираат секојдневно, го с