,,Белорусија има нуклеарно оружје!“ Лукашенко откри колку боеви глави има инсталирано

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека неговата земја поседува нуклеарно оружје.– Овде распоредив нуклеарни боеви глави. Неколку десетици боеви глави. Многумина велат дека ова е шега, но никој не објавил ништо. Да, поставивме – рече Лукашенко при посетата на градот Борисов, пишува руската новинска агенција Тас.Коментирајќи ги плановите за распоредување на ненуклеарниот руски ракетен систем „Орешник“ во Белорусија, тој истакна дека употребата на овој вид оружје носи голема одговорност.– Уште од Хирошима и Нагасаки, никој никогаш не го притиснал нуклеарното копче. Ниту водечките сили, а камоли Белорусија – рече Лукашенко и додаде дека ги предупредил своите „непријатели, пријатели и ривали“ за недозволивоста на кршење на државната граница на Белорусија.Според претходните извештаи, Москва ги објави своите планови за распоредување на своето тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, слично на она што го направија САД на територијата на своите сојузници.Москва му обезбеди на Минск тактички ракетни системи „Искандер“ способни да носат нуклеарно оружје и и помогна на Белорусија да ги опреми своите авиони за да носат специјализирано оружје.Беше објавено и дека боеви глави веќе се во Белорусија, а Лукашенко кон крајот на април 2024 година изјави дека Русија распоредила неколку десетици нуклеарни боеви глави.

Пронајдете не на следниве мрежи: