Бело или црно грозје – Кое е поздраво?

Грозјето делува како природен тоник за организмот, го забавува стареењето, односно спречува деменција и дегенеративни очни болести… И црното и белото грозје претставуваат еликсир на младоста, но за добар сон, заслужно е само едно од нив… Иако постојат бројни сорти, повеќето од нас знаеме само за бело и црно грозје.
Бело или црно грозје – Кое е поздраво?
Црно грозје
Црното грозје треба да биде што потемно, скоро црно, а кога гроздот ќе се потресе, зрната не треба да испаѓаат. Лушпата на црното грозје е многу вредна бидејќи ги обликува фенолните супстанци кои му даваат боја и вкус, а на луѓето им дава здравје. Исто така содржи резвератрол, антоцијанин, катехини и кверцетин полифеноли.


Придобивките од овие оксиданти се:
Ги уништуваат штетните супстанци, како и слободните радикали кои можат да предизвикаат тумор.
Ги заштитуваат артериите, намалувајќи го ризикот од кардиоваскуларни болести.
Го намалуваат згрутчувањето на крвта и лошиот холестерол.
Позитивно влијаат на менталните и други функции на мозокот, намалувајќи го ризикот од мозочен удар.
Црното грозје треба да се јаде почесто и поради калиумот, манганот, витамините Ц, Б1 и Б6. Но, исто така и поради изобилството на растителни влакна, калциум и железо. Истражувањата покажале дека црното грозје го зголемува нивото на мелатонин, хормонот кој е неопходен за добар сон.
Бело грозје
Белото грозје е слично во многу работи со црното. Има приближно иста енергетска вредност, што значи околу 20% шеќер, но во однос со црното грозје, белото е посиромашно во фенолини. Исто така, не е богато како црното ни со калциум, ни со калиум.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.