ЗА КОРА
8 белки
прстофат сол
1 лажиче алкохолен оцет
8 лажици брашно
1 прашок за печиво
2 лажици афион
малку ким
ЗА ФИЛ
180 мл кисела павлака
300 г рендан кашкавал
3 лажици мајонез
мелен црн пипер
малку оригано
5 варени, рендани жолчки
150 г кругови шунка
Белките се матат во цврст снег со солта. Се додава оцетот, се намалува брзината на најслабо и се додаваат брашното, прашокот за печиво, афионот и кимот. Смесата се промешува и се нанесува во правоаголна тава бр. 40 прекриена со хартија. Се пече 30 минути на 180 степени и се витка кората во две влажни кујнски крпи.
Од павлаката, ренданиот кашкавал, мајонезот, зачините и жолчките се меша филот.
Изладената кора се премачкува со половина од филот. Се редат круговите шунка и се премачкува со втората половина од филот. Се витка ролат, а ролатот се витка во фолија. Откако ќе се излади во фрижидер се сече на парчиња.