Папата Бендедикт Шеснаесетти во својата последна порака до верниците во светот истакна дека „Господ нам да дозволи неговиот кораб да потоне” и покрај „разбрануваните води”, додавајќи дека и по отстапувањето од должноста и натаму ќе ја следи Црквата со молитва, на последната општа аудиенција во неговиот понтификат.
„Навистина сум трогнат, гледам дека Црквата е жива”, изјави Бенедикт Шеснаесетти како одговор на срдечниот пречек од масата верници пред да ја започне катахезата.
Папата Бенедикт XVI ја одржа во средата својата последна молитва на општата аудиенција во Ватикан со молитва на латински, пред повеќе десетици илјади верници од целиот свет кои со громок аплауз го проследија неговото заминување од Плоштадот на свети Петар со „папамобилот”.
Пред започнувањето на молитвата Бенедикт Шеснаесетти ги поздрави верниците на 11 јазици, покрај италијанскиот. Папата, завршувајќи ја својата вата служба, им се обрати на насобраните на француски, англиски, германски, шпански, португалски, полски, арапски, хрватски, чешки, словачки и романски.
По завршувањето на аудиенцијата на Плоштадот на свети Петар, Бенедикт Шеснаесетти одржа прием во Салата Климентa (Sala Climentina) поголем број на шефови на држави, вклучувајќи го и претседателот на Словачка, двајца капетани-регенти на Република Сан Марино, кнезот ковладетел на Андора епископот на Ургел и Андора, како и на германската сојузна држава Баварија.
Слаб, но насмеан, Бенедикт Шеснаесетти, кој набрзо ќе наврши 86 години, претходно направи обиколка на Плоштадот на свети Петар, додека мноштвото верници чиј број медиумите го проценуваат на повеќе од 100 илјади мавтаа со националните знамиња и носеа транспаренти на кои најчесто пишуваше само „Благодариме”, на сите јазици.
Самиот плоштад, како и улицата Виа дела Конкилиазоне, големата авенија којашто од реката Тибар води кон Ватикан, беше преплавен од луѓе. Телевизиските сателитски антени и големи екрани беа поставени, како и при испраќањето на папата Јован Павле Втори во 2005 година и неговата беатификација во 2011 година.
Во својот осумгодишен понтификат, призна во средата Бенедикт Шесаесетти, алудирајќи на скандалите и контроверзите, „имаше моменти кои не беа лесни, кога водите беа разбранувани а ветерот спротивен, како и низ целата историја на Црквата, и кога се чинеше дека Господ спие”. „Меѓутоа секогаш знаев дека коработ на Црквата не е мој, не е наш, туку Негов и дека Тој нема да дозволи да потоне”, нагласи папата.
Потсетувајќи дека на 19-ти април 2005 година која беше избран за папа, „голем товар беше ставен на неговиот грб” и дека „приватната димензија на неговиот живот целосно исчезнала”, Бенедикт Шеснаесетти повтори дека се повлекува од секаков јавен живот, иако еден папа „не може да се врати кон приватниот живот”
Јозеф Алојз Ратцингер, на 85 години, стана папа Бенедикт XVI во април 2005 година, по смртта на папата Јован Павле Втори. Ратцингер е роден на 16-ти април 1927 година, во селото Марктл-ам-Ин во Баварија, во семејство на полицаец. Кога беше избран за 265-от папа, имаше 79 години, и беше еден од најстарите избрани поглавари на римокатоличката црква во историјата, откако претходно тоа се случило во 1730 година, кога бил избран папата Клементе Дванаесетти.
„Мојата одлука да останам од активното вршење на службата не го менува тоа: не се враќам на приватниот живот, животот на патувања и средби, преми, конференции… Не се откажувам од крстот, туку на поинаков начин останувам крај распнатиот Господ. Не ги извршувам више службите на управување со Црквата, туку останувам да и' служам со молитва. Свети Бенедикт (основач на големиот контемплативен ред на бенедиктинците -з.р.) чиешто име како папа го носам, ќе ми биде голем пример”, рече папата
Германскиот папа кој службата на врховен поглавар на Римокатоличката црква ја вршеше осум години, ја донесе историската улога за отстапување од службата. Тој е првиот папа во последните седум векови кој се одлучил на тоа по слободна волја, откако претходно досега само еден папа отстапил од Светата столица, и тоа папата Селестин Петти кој бил избран во 1294 година. Тој се повлекол само неколку месеци откако бил избран, а негов наследник бил Бонифаз Седми кој наредил да биде затворен
Иако на Плоштадот на свети Петар имаше голем број Италијанци, може да се слушнат многу светски јазици. Семејства, брачни двојки, свештеници, монаси и монахињи, теолози дојдоа на плоштадот извикувајќи го името на Бенедикт Шеснаесетти.
Во разговорот за Радио Ватикан, францускиот кардинал Џан-Луј Торан кој е именуван за протоѓакон и по конклавите ќе го објави името на 266-от римски првосвештеник, му одаде почест на папата кој се „занимаваше со важните теми, кој не повикуваше да се вратиме на своите духовни корени и да ја здружиме верата и разумот”.
Папата на 11-ти февруари сосема неочекувано и со ништо претходно ненајавено ја објави одлуката за своето повлекување од службата, образложувајќи го тоа со недостиг од физичка сила за извршување на должноста во денешниот свет зафатен со длабоки промени. Неговата одлука предизвика недоверба, дури и во самата Црква во која од периодот на средниот век немаше доброволно откажување од папската служба.
Како што беше најавено Јозеф Ратцингер ќе го напушти Ватикан во четврток, без посебна церемонија и со почесната титула „Неговата Светост Бенедикт Шеснаесетти, папа во мир”, кој ќе се повлече во летната папска резиденција во Кастелгандолфо. Папата ќе го напушти Ватикан во 17 часот, во четврток на 28-ми февруари и со хеликоптер ќе биде префрлен до папската летна резиденција во Кастелгандолфо. Периодот на седисваканцијата (испразнетата папска столица) во Ватикан ќе биде објавен исто така во четврток во 20 часот.
Последното јавно појавување на понтификатот, ќе биде неговото појавување од терасата на резиденцијата во Кастелгандолфо. Оттаму ќе замине во обновениот манастир на еден од ватиканските ридови, каде ќе живее далеку од очите на јавноста.
Макфакс
Папата Бендедикт Шеснаесетти во својата последна порака до верниците во светот истакна дека „Господ нам да дозво