Бензините со иста цена, дизелот поевтинува

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Евакуиран аеродромот во Сараево: Патник добил порака за поставена бомба
Меѓународниот аеродром во Сараево, поради анонимна дојава за подметнати експлозивни направи, „ги презеде сите неопходни мерки за да се осигура безбедноста на сите присутни на аеродромот“, соопштија од аеродромот. Како што е наведено, преку …
Апасиев: Да видиме кои се граѓани од „втор ред“ во Македонија
Во објава на Фејсбук пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, објаснува кој е граѓанин од втор ред. Во продолжение неговата објава на Фејсбук: – ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД Неретко ја слушаме оваа флоскула …

Согласно одлуката, цените на бензините остануваат непроменети, а дизел горивото поевтинува за еден денар. За половина денар поевтинува е цената на екстра лесното масло за домаќинство.

Ова се цените на горивата од полноќ:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 73,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,920 (денари/килограм)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.