недела, 29 ноември 2026
Најново

Бензинот поевтин за два денари по литар, дизелот останува со иста цена

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од денес на полноќ ќе стапат во сила новите владини мерки за намалување на цените на горивата, со кои дизелот ќе се продава по непроменета цена, додека бензините ќе поевтинат за два денара по литар.

Од Владата рекоа дека ќе се намали акцизата за дизелот за четири денари, а за бензините за два денари. Паралелно, продолжува и мерката за намалена стапка на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто, додека со компанијата ОКТА е договорено да продолжи и дополнителниот попуст – два денари кај бензините и три денари кај дизелот, најмалку до крајот на април.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во случај кризата да продолжи, Владата размислува за дополнителни интервенции, меѓу кои и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи од 5 на нула отсто, како и повторно активирање на мерката за замрзнување на маржите.

Поврзани вести