Бербок: Не смее да се дозволи Русија да ја попречува работата на ОБСЕ

Соработката во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) мора дополнително да се зајакне иако Русија постави огромни пречки на патот на работата на ОБСЕ во последните година и пол, порача германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во своето обраќање на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска разговараше со папата Франциск за изгледите за мир во Украина
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска разговараше со папата Франциск и високи претставници во Ватикан за изгледите за мир во Украина. Орбан во текот на денот треба да се …
Фотографите одблиску ја ,,фатија” Моника Белучи: Вака всушност изгледа најубавата актерка на светот! (фото)
Актерката Моника Белучи (60) и режисерот Тим ​​Бартон блеснаа заедно на црвениот тепих во Маракеш за промоцијата на неговиот најнов филм „Битлси 2“. Ова долгоочекувано продолжение на култната класика на Бартон од …

Бербок, исто така, порача дека нема да ја дозволат играта на Русија да ги уништи организациите кои се потпираат на мирен соживот и соработка.

– Како ниедна друга организација, ОБСЕ се залага за безбедност на повеќе од 1,3 милијарди луѓе, што значи дека тие сакаат да живеат заедно во мир и безбедност и добар економски развој, нагласи Бербок.

Фактот дека Русија не успеа да го уништи ОБСЕ „е важен придонес за нашиот мировен поредок“, рече шефицата на германската дипломатија, нагласувајќи дека „овој поредок на мир мора да продолжи“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.