Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека Германија се вратила на изградбата на „нормални електрани“.
„Сакале или не, германскиот енергетски систем е целосно функционален со повеќе од 50 отсто обновливи извори на енергија“, одговори германското Министерство за надворешни работи, пренесува „ДПА“.
Со тоа германското Министерство за надворешни работи ги отфрли тврдењата на републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп дека германското напуштање на фосилните извори на енергија не успеало.
„Исто така, затвораме нуклеарни централи и електрани на јаглен, а не ги градиме“, пишува во реакцијата, потсетувајќи дека Германија планира целосно да престане да користи јаглен за производство на енергија најдоцна до 2038 година.
Министерството се осврна и на тврдењата на Трамп, кои ги повтори во ТВ дуел, дека мигранти во Спрингфилд, Охајо, јадат домашни миленици.
Локалната власт во Спрингфилд, според медиумите, соопштила дека не е запознаена со вакви случаи.
П.С.: Не јадеме ни кучиња и мачки“, стои во објавата на германското министерство.