Берлускони пренесен во болница поради коронавирусот

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (83) е хоспитализиран во Милано поради компликации поради инфекција со вирусот корона.

 Здравствената состојба на Берлускони не е загрижувачка, ја цитира Ројтерс партијата на Берлускони „Форца Италија“. 

Берлускони беше позитивен на коронавирус, објави неговиот личен лекар Албето Зангрлио во средата.

 Тогаш беше речено дека Берлускони е асимптоматски, дека е во неговата вила во Милано и дека ќе остане таму 14 дена во карантин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.