Бернанке ги охрабри инвеститорите на Волстрит

Во вторникот на Волстрит цените на акциите пораснаа, по остриот пад од ден претходно, бидејќи инвеститорите ги охрабри претседателот на американската централна банка Federal Reserve (Fed), Бен Бернанке, цврсто бранејќи ја програмата на банката за купување обврзници.

 Така, индексот Dow Jones, зајакна за 0,84 отсто, на 13.900 поени, индексот S&P 500 порасна за 0,61 отсто, на 1.496 поени, а индексот Nasdaq за 0,43 отсто, на 3.129 поени.
Откако во понеделникот потона за 1,8 отсто, што претставуваше негов најголем дневен пад од ланскиот ноември, во вторникот индексот S&P 500, надомести дел од загубите бидејќи Бернанке во извештајот до американскиот Конгрес цврсто ја бранеше програмата за купување на државните и хипотекарните обврзници, односно ткн квалитативно попуштање на монетарната политика.
Минатата седмица, имено, инвеститорите беа вознемирени од објавувањето на записниците од неодамнешната седница на бордот на Fed кои покажаа дека неколку челници на централната банка на САД се залагаат за намалување на таа програма, бидејќи вештачки ги поддржува ниските каматни стапки и ги поттикнува цените на имотите, што, како што тврдат, може да ја зајакне инфлацијата.
Бернанке во вторникот рекол дека е свесен за можните ризици од водењето на таквата неконвенционална монетарна политика, вклучувајќи ја и можноста за јакнење на инфлацијата и создавање балон на пазарот на кациите.
Меѓутоа, порачал и дека таквите ризици засега не се остварливи, дека програмата за купување на обврзници би го поттикнал растот на економијата и вработувањето, како и дека централната банка може правовремено да реагира доколку се зајакната ризиците.
Претседателот на Fed им порача и на политичарите во Вашингтон да го избегнат острото намалување на буџетските расходи, за да не му наштетат на заздравувањето на стопанството.
Поточно, до петок, републиканците и демократите би требало да постигнат договор за селективното намалување на буџетот, за да се избегне автоматското намалување на буџетските расходи, што би можело да га забави и онака бавниот раст на американската економија.
Макфакс
Во вторникот на Волстрит цените на акциите пораснаа, по остриот пад од ден претходно, бидејќи инвеститорите ги охрабри

Пронајдете не на следниве мрежи: