Бесплатен престој за секој што ќе дојде: Германскиот град Герлиц бара доселеници

Нудејќи им еден месец бесплатен престој германскиот град Герлиц планира да привлече нови жители. Станува збор за град кој се наоѓа во сојузната држава Саксонија на самата граница со Полска.
Герлиц брои 56.400 жители, но тоа не е доволно па сака по примерот на европските градови, на странските државјани и на Германците да им понуди поволности и да привлече што е можно повеќе луѓе да се доселат.
За обезбеденото сместување кое потенцијални кандидати го нудат на еден месец градот не бара ништо за возврат. Поточно, ако после еден месец одлучат пак да се вратат дома, тие слободно можат да го направат тоа без да даваат пари за сместувањето. Иако поради својата историја Герлиц привлекува повеќе од 140.000 туристи годишно, уште од падот на Берлинскиот ѕид градот има проблеми со иселување на жителите.
Со оглед на тоа дека веќе започнале со новиот проект, градските власти велат дека досега примиле 150 пријави. Од нив дури 2/3 се од поголеми германски градови, додека останатите се од соседните земји. Освен европски, властите примиле и неколку пријави од САД.
Инаку, последната година слична пракса за привлекување жители користеа повеќе градови во Италија, Грција, Канада и во Турција. Зад овој тренд не заостануваат ни градовите во САД. Еден град во сојузната држава Оклахома на ИКТ експерти им нуди 10.000 долари да се преселат таму.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.