Бесплатно скијање за деца во ски-центар Маврово

Ски центарот Маврово, денес и утре, ги поканува сите ученици на бесплатно скијање и чист воздух додека не се вратат во училишните клупи.
-Им излегуваме во пресрет и ги покануваме сите деца да бидат наши гости и да дишат чист воздух на планина додека да помине критичниот период.

Се надеваме дека на оваа наша иницијатива ќе се приклучат и други институции за бесплатен транспорт и супервизија, бидејќи сите родители не се во можност да ги донесат учениците до Маврово, вели Огњан Циговски, директор на Ски Центарот Маврово.
Оваа иницијатива е резултат на енормната аерозагаденост на воздухот во Македонија и по повод Светскиот ден на снегот, 19 јануари. Во текот на вчерашниот ден, сите деца скијаа бесплатно во Ски центарот Маврово

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.