БЕСЦЕНЕТИ ЉУБОВНИ ЛЕКЦИИ ОД ЖИВОТОТ
Некои врски раѓаат скапи спомени, други – бесценети лекции. Љубовта ќе ви донесе романтични моменти и еуфорични емоции, кои ќе сакате да ги помните цел живот, но и грешки, тага и болка, од кои ќе научите многу.
Животот е учител, а ете и некои љубовни лекции кои можеби веќе сте ги научиле од сопствен или туѓ пример или сега за прв пат ќе ги насочите мислите во тој правец:
- Неверството и лагата не се грешки, туку избор, свесен избор што личноста свесно го прави. Ако ја слушнете репликата: “Беше грешка, верувај ми!“, од својот партнер, не дозволувајте да се скрие зад зборчето “грешка“.
- Понекогаш молкот е најсилниот плач. Ќе стигнете до момент кога партнерот без да изусти ништо ќе ви каже: “Држи ме за рака, почувствувај ја мојата болка, те молам биди тука!“ Не ја занемарувајте таа тишина полна со тага.
- Презирот и омразата кон бившиот партнер ви наштетуваат само на вас, не на него. Ослободете се од негативните чувства, закопајте ги еднаш за секогаш и не дозволувајте да ви го загорчуваат животот. Некои луѓе едноставно не заслужиуваат таков дел од вашата енергија, ни пак се достојни за било какви емоции.
- Само затоа што една врска пропаднала, не значи дека треба да престанете да живеете. Дури и некои од најдобрите врски не траат долго. Луѓето се среќаваат, се поврзуваат, се разминуваат и се разделуваат. Но нивната средба, колку и кратко да траела, секогаш има смисла и остава спомени, кои вредат за да бидат запаметени.
ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА НА НАРЕДНАТА СТРАНА
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.