- Секој бивш дошол со одредена причина во нашиот живот. Некој од нив ве научил како да се бакнувате, некој ве повредил, друг ве научил како да љубите страсно, некој ве искористил, некој ви покажал колку силно можете да се смеете, некој бил повреден од вас…Не заборавајте дека секој еден од нив на добар или лош начин придонесол за изградување на личноста која сте денес.
- Претераната љубомора не вели “Те сакам“. Љубомората која ги преминува нормалните граници може да ве загуши и да предизвика болка и страв, и секако не е доказ за неизмерна љубов.
- Понекогаш можеш да се налутиш на партнерот, но никогаш не бидете злобни кон него. Паровите кои тврдат деа не се караат – лажат. Сакале или не, во животот доаѓаат моменти кога се судрувате со различните желби, различните погледи, убедувања, верувања – и тогаш се раѓаат љубовни конфликти. Луѓето прават грешки, никој не е безгрешен. И во таква ситуација е нормално да почувствувате гнев кон партнерот. Но кога ќе почнете да размислувате за одмазда или се однесувате злобно, знајте дека тоа е почеток на крајот.
- Грубите и сурови зборови понекогаш болат повеќе од физичката болка. Почувствувајте го вкусот на вашите зборови пред да ги пуштите да излезат од устата и да се насочат кон саканиот човек. Зборовите се како камења кои откако ќе ги фрлите, не можете да ги вратите назад.
- Кога партнерот се однесува лошо со вас, речиси секогаш е најдобро да свртите грб и да си заминете. Ако налетате на човек кој се однесува со вас без респект и ве третира како предмет, не барајте ја грешката во себе. Не се обвинувајте бидејќи неговото однесување не зборува ништо за вас како личност, туку за неговиот карактер. Сетете се дека заслужувате нешто подобро и заминете без да се вртите назад.
- Никогаш не треба да сте принудени да се борите, за да добиете место во животот на партнерот. Ако тој не ви отвара врата за да влезете во неговиот живот, тогаш можеби треба да се повлечете.
- Партнерот ќе се однесува со вас онака како што вие ќе му дозволите. Можеби не успевате да го контролирате него, но секако можете да го контролирате своето однесување и нивото на вашата трпеливост. Цени се себе си, за да те ценат и другите.
- Еден од најголемите и најтешките предизвици во животот е да избркате некого од срцето!