„БЕТОН“ ДА ПЛАТИ 190 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ЧАРТЕР ЛЕТОВИ ЗА ПАТНИЦИ ВО НЕДЕЛА – нови разговори објавени на Јутјуб

 „БЕТОН“ ДА ПЛАТИ 190 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ЧАРТЕР ЛЕТОВИ ЗА ПАТНИЦИ ВО НЕДЕЛА – нови разговори објавени на Јутјуб

На Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ и денеска продолжи објавувањето на снимени телефонски разговори меѓу носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборнат единица 3 – Игор Јанушев, и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Јанушев и Јанакиески договараат чартер летови за стотици патници, кои, како што се извлекува заклучок, треба да дојдат во недела наутро, а да си заминат во недела попладне. На моменти разговорот е дури и нервозен, бидејќи има недоразбирање околу бројката на патници (се спомнуваат над 300), но и цените.

Во едно од парчињата, Јанушев го известува Јанакиески дека вкупната цена ќе чини 190 илјади евра, а овој му вели Јанушев да побара фирмата „Бетон“ да ја плати цената.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.