Бејрут не мирува: Протести на улиците поради експлозијата, демонстрантите лути, полицијата фрли солзавец

Полицијата за да ги разбие демонстрантите денес фрли солзавци на нив, тие се обидуваа да ја пробијат бариерата и да влезат во зградата на Парламентот во Бејрут, поради начинот на кој владата од Либан ја решава ситуацијата после експлозијата.

Според извештаите на Ројтерс, околу 5.000 луѓе се собрале на плоштадот „Маченици“, а некои фрлале со камења.

Жителите на Бејрут бараат одговори и одговорност за трагедијата што го зафати нивниот град, бидејќи 158 лица загинаа, а околу 6.000 се повредени во експлозијата што се случи во вторникот, додека најмалку 60 од нив се наведени како исчезнати.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: