Беџети: Ќе поднесеме кривични пријави против директорот на Финансиската полиција и уште три лица

Пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети, најави дека ќе поднесе кривични пријави против директорот на Финансиската полиција и уште три лица.

„Кривичната пријава поднесена од Финансиската полиција е целосно неоснована, и поради оваа причина ќе покренеме соодветни постапки против директорот Слободан Ивановски, заменик-директорот Илбер Имери и уште две лица кои заедно како организирана банда ја спроведуваат оваа оркестрација на политички прогон.

Ќе докажеме преку доказите што ги имаме дека наредбите доаѓаат директно од премиерот Мицкоски, што е директен обид за вршење притисок врз мене како пратеник со цел зголемување на мнозинството во парламентот.

Затоа, им се обраќам јавно со порака дека нивните функции не се вечни, туку нашата борба за правата на Албанците што нашиот лидер Али Ахмети ја води повеќе од 20 години е чесна и искрена. Ниту еден од пратениците на ДУИ нема да подлегне на вашиот притисок и нема да ви се придружи ниту вам ниту на ВЛЕН, а уште помалку на мене.

Ќе го разоткриеме ова измислено и политички мотивирано обвинение против нас, а потоа институционално ќе го докажеме нивниот политички прогон.

Сите постапки на Општината беа спроведени во рамките на законските надлежности, со валидни документи и акти. Во ниту еден момент немаше никаква умисла, а никаква корист, а уште помалку штета за Општината.

Законот за локална самоуправа јасно наведува дека градоначалникот издава градежна дозвола, тоа е негова законска обврска, а не кривично дело.Законот за градење дозволува издавање дозвола само врз основа на важечки урбанистички план или проект, и токму тоа е направено.

„Нема материјална штета, нема загуба од ниту еден денар за општината. Сè е документирано и сè е чисто“, се наведува во одговорот на Беџети.

Ве потсетуваме дека вчера Финансиската полиција поднесе кривична пријава против осум поранешни функционери и вработени во Општина Сарај и Општина Скопјe.
The post Беџети: Ќе поднесеме кривични пријави против директорот на Финансиската полиција и уште три лица appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: