БИБЕР – 6 причини за да го користите секој ден!

Тешко дека можеме да замислиме некое вкусно јадење што воопшто не содржи бибер. Без разлика дали се работи за мелен или крупен бибер, за топло или ладно јадење, ручек или вечера, овој зачин едноставно е неизоставен дел од нашата трпеза.
Во продолжение, ви откриваме некои занимливости околу биберот – зачин што слободно може да се нарече крал на зачините и преку изнесувањето на научно потврдените факти за неговите најважните корисни дејста, ве охрабруваме уште почесто да го користите неговиот навистина богат вкус.
Црниот бибер потекнува од прашумите во јужните делови на Индискиот Полуостров. Преку воспоставувањето на трговските пати помеѓу западниот свет и далечниот исток пред повеќе векови, биберот влегува на голема врата и во нашите простори.
Која е разликата помеѓу различните типови бибери?
Се работи за зачин добиен од зрнестите плодови (бобинки) кои ни ги дава бликата од семејството Piperaceae, поточно Piper nigrum. На пазарите можеме да сретнеме бибер со различни обојувања. Всушност, иако значително се разликуваат нивните вкусови и ароми, станува збор за истите зрнести плодови, но со различен степен на зрелост и на процесирање (обработка). Зелениот бибер се добива со берење и сушење на бобинките кога тие сè уште не се доволно зрели, додека црниот освен на процесот сушење, пред тоа подлежи и на термичка обработка, односно варење. Белиот бибер пак, се добива со потопување во вода, ферментација и потоа сушење на целосно созреаните бобинки.
Исто така познати се и црвените бобинки, кои иако се доста слични на биберот, сепак припаѓаат на сосема друг вид билка од семејството Capsicum и го содржат познатиот капсицин, кој го дава специфичниот вкус и има навистина импресивни корисни ефекти врз здравјето на човекот (на пример антиканцерогено дејство).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.