Библијата за љубовта, прекрасни зборови

Љубовта е прекрасен подарок од Бог. Љубовта е темел на секоја здрава врска. Но дали сме свесни за суштината на љубовта и дали сме во опасност да го загубиме вистинското значење на љубовта.
Еден од најпознатите делови во Библијата е за љубовта. Овие стихови се т.н. „Закони на љубовта“ кои ќе ни помогнат во бракот, во нашите пријателства, во верата и секоја важна врска во животот.
„Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува; не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло; не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината; сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи. Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби : ако се пророштва – ќе се отстранат; јазици – ќе замолкнат; ако е знаење – ќе исчезне.“ (1-во Коринтјаните 13:4-8; Библија)
Љубовта е дејство, не чувство
Ние често зборуваме за „заљубувањето“ и обично она што подразбираме е: „Оваа личност навистина ми се допаѓа, има прекрасн карактер и јас се чувствувам убаво и интересно кога сум околу неа.“ Сите тие чувства може да бидат интересен дел од процесот, но љубовта не е дефинирана од нашите чувства; таа е дефинирана според нашите избори и обврски.
Љубовта нема рок на траење.
Кога се посветуваме на некого (особено во заедницата – брак), нашата обврска мора да се одржи силна, без оглед на променливите околности во животот. Дури и кога немаме сила да продолжиме да љубиме, Божјата милост тоа го прави возможно. Не постои вистинска љубов без вистинска посветеност.
Љубовта го изнесува најдоброто во нас.
Љубовта не одржува резултат и не игра игри. Тоа значи дека ние мора да ги одржиме потребите на оние кои ги љубиме над нашите сопствени потреби и тоа да го правиме дури и кога другите не ни се добро наклонети. Бог нè љуби дури и кога ние сме најлоши, и нè повикува да се сакаме едни со други со истиот вид на бескрајна посветеност. Кога пружаме вистинска љубов, тоа ќе го изнесе најдоброто во нас и најдоброто во оние кои ги љубиме. Љубовта ги води нашите мотиви, зборови и дела во поживотворен начин.
Љубовта лекува кога животот боли.
Љубезноста, сочувството и заштитата на љубовта имаат исцелителна моќ дури и во најжестоките животни околности. Вистинската љубов брза во болката кога сите други бегаат. Кога сакате некого, бидете оние кои ги лечат нивните рани, не оној кој ги предизвикува. Бидете оној кој ги брише солзите, не оној кој ги предизвикува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.