Бивш фудбалер на ПСЖ и Марсеј почина од срцев удар!

Поранешниот камерунски репрезентативец Модест М’бами починал вчера на само 40 години, откако претходно доживеал срцев удар.

Камерунецот голем дел од кариерата помина во Франција, каде што најмногу ги носеше дресовите на ПСЖ и Олимпик Марсеј.

Кариерата ја заврши во 2015 година, а за неговата татковина настапи на 37 меча и постигна три гола.

Пронајдете не на следниве мрежи: