По повод трагичната сообраќајна несреќа што се случи кај селото Ласкарци, во која загинаа 14 лица, претежно млади луѓе од Гостивар и околните села, Бигорскиот манастир го изразува своето длабоко сочувство кон семејствата на жртвите, молејќи се за покој на нивните души.
-Нека милостивиот Бог снисходливо погледне на нив и нека ги прими во Своето Царство, а на нивните најблиски нека им испрати утеха и сили, за полесно да ја поднесат оваа за нив голема болка. Вечен им спомен!,- стои во сочувството објавено на веб сајтот на ова македоско древно светлиште.
Нашите молитви, стои понатаму, се упатен кон Бога за брзо закрепнување на повредените и што поскоро враќање во нивните домови меѓу своите најмили.