Бидете моќна жена која не потклекнува пред животот!

Моќната жена се наоѓа во секоја од нас, само за тоа не сме свесни!
Жените стануваат моќни суштества кога ќе ја откријат својата скриена сила и кога ќе почнат паметно да ја користат!
Зборот моќ не е машки род, туку женски, исто како и силата. Таа значи способност за постигнување на целите, а да не мораме да потклекнуваме на туѓите желби. Ништо повеќе од тоа. Зошто тогаш тој збор ни прави толку тешкотии?
Тој збор го опишува самостојното обликување на сопствениот живот. Тој збор значи да кажеме што сакаме да постигнеме и да размислиме како да го постигнеме тоа и на крај да го постигнеме! Во тоа ни помагаат голем број на женски особини. Често не сме ни свесни какви потенцијали се кријат во нас и што се ни овозможуваат.

Филозофот Ребека Рајнхард во својата нова книга објаснува зошто моќта е женска работа.
1. Најважна е главата
Денес е многу јасно што можат жените. Директорки, премиерки, нобеловки насекаде го поттиснуваат машкиот пол. Не сте имале среќа, момци. Кој сака да биде на врвот, мора да знае правилно да го употреби мозокот и да мисли самостојно. Как? Менувајте ја околината, барајте ги необичните работи, чудете се и размислувајте.
2. Вистински вредности наместо лажна грижливост
Жените се прваци во сите дисциплини од економија до кулинарство, од педагогија до водење домаќинство. Ние владееме со мултитаскингот и совршенството. Додека мажите се уште се мачат со презентациите, ние веќе имаме шест клиенти, сме направиле ручек и сме ги заспале децата. Но, само затоа што можеме, не значи и дека мораме.
Не станувам моќни со претеран перфекционизам, туку со сосредоточување кон нашите вистински вредности. Нема да станеме силни така што ќе си префрламе што не сме постигнале се што сме посакале, туку со тоа што ќе се запрашаме за што живееме.
3. Клучен збор: достоинство
Само жените можат да ги разгледаат проблемите од повеќе страни. Навистина сме јаки во опишувањето на нашите проблеми, аргументации и самоанализи. Нашата вистинска моќ се покажува тогаш кога ќе сфатиме дека вечната скромност нема смисла.
Ги запишуваме своите достигнувања и тогаш самоуверено и лесно можеме да бараме покачување, а знаеме и зошто ни е потребно. Нема да бараме незаслужена награда, но ќе бараме да не почитуваат и ценат. Достинството е најпривлечна и најмоќна женска карактеристика.


4. Успешно да се доживее неуспехот
Жените сакаат кога е шарено. Некогаш и нашите биографии се шарени како нашата облека. Животот не е кастинг. Кому животните патеки му се претесни, нека открива нови. Денес креативноста се бара повеќе од кога било. Вистински моќни жени стануваме тогаш кога ќе се осудиме да се залетаме во ѕид, затоа што секој неуспех ги шири видиците и покажува какви неискористени потенцијали лежат во нас.
5. Гем, сет, ерос!
Жените се посочувствителни од мажите, барем така вели невробиологијата. За разлика од тестостеронот кај мажите, кај жените има повеќе окситоцин кој поттикнува посочувствителен пристап. Затоа можеме да се раководиме само со својот ерос.
Вистинскиот ерос нема ништо со порнографијата, туку со страста и идеализмот.
6. Силата на гестовите
Женската моќ се докажува со зборовите и гестовите. Моќната жена е убава затоа што чекори со крената глава…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.