Колку и да негираат, на лицата кои страдаат од депресија им треба помош!
Во ред, потребна им е помош од доктор, но верувајте дека уште повеќе им треба некој од нивната брзина да ги извлече. Да биде нивниот херој.
Како да му помогнете на вашиот близок кој е во депресија?
Третман
Прв и најважен чекор кој морате да го изреализирате е личноста да има посебен третман, тоа е клучот. Луѓето кој се во депресија често не можат да спијат. Вие треба да им давате поддршка и да се грижите за нив. Нека биде тоа првиот третман. Бидете со нив кога им е најтешко.
Да земете дел од нивната грижа
Бидете заинтересирани за нивниот проблем и бидете дел од него. Докажете им дека сте заинтерсирани за проблемот. Слушајте, советувајте, тешете… НИКАКО НЕ ОСУДУВАЈТЕ!
Зборувајте со нив
Тоа никако не смее да биде исклучено. Морате да зборувате со нив, но не постојано да ги прашувате, туку да оставите тие малку по малку да ви се отворат. Значи, поставувајте прашања од време на време додека не стекнат доверба во вас на некој начин. Додека тие зборуваат вие треба внимателно да слушате и не се плашете да повикате некој стручен ако е потребно. НИКАКО не смеете да се обидете да им кажете дека се е во ред освен нивната психа, дека сами си прават “филмови“, дека немаат причина за да бидат во депресија…. Запомнете, никој не избрал сам да биде во таа состојба!
Останете во контакт
Направете се за да останете во контакт. Викајте ги да излегуваат со вас, напревете ги дел од вашите активности и правете работи во кои тие уживаат. Луѓето кои се во депресија многу ретко сакаат да се дружат и не сакаат луѓе во нивна близина. Треба да сте упорни во тоа да ги држите активни многу време во нешто интересно. Најдете такви работи. Гледајте весел филм, комедија, прошетајте, направете го омиленото кафе или сладолед. Нека бидат исполнети нивните вкусови.
Мали цели
Депресивната личнст може да ве праша зошто би станала наутро од кревет. Вие можете да им помогнете и да им одговорите на тие прашања, но секако позитивно. Помогнете и на личноста да има мали цели на остварување. Покажете дека тоа се мали, но на некој начин големи цели. На пример, нема да се разбуди да го освои светот, но треба да стане за да си исполни некоја желба, да ги усреќи своите најблиски, да ужува во денот….
Проучување
Научете некои работи за депресијата. Читајте книги. Не дозволувајте да навлезат во вашиот живот, но морате да научите нешто за да им помогнете на оние кој ви значат. Сфатете со што се справувате и заедно победете ја.
Поттикнување на посета на доктор
Бидете позитивни на тоа поле. Тие тоа го сметаат за тешка, страшна и засрамувачка ситуација, но вие можете да го смените. Побарајте да ги посетува стручно лице за да им возможи терапија.
Останете буден
Морате да бидете во тек со она што и се случува на личноста. Дали имала развод, финанансиски проблеми, блиска смрт.. има многу работи и вие како блиска личност би требало да бидете буден на тие работи. Да сте свесни што се случува и дека сите различно ги поднесуваме тие работи. Треба да бидете БАШ сега со таа личност.
Помогнете им, тие тоа би го сакале!