Бидете претпазливи, од утре топлотен бран во Македонија

Прогнозите на УХМР се дека во Македонија ќе имаме многу топло време, со екстремно високи температури и висок УВ индекс. Топлотниот бран кој метеоролозите го најавуваат веќе неколку дена се очекува земјава да ја зафати од утре. Температурите ќе бидат во постојан пораст до петок, кога се очекува максималната температура да достигне до 40 степени Целзиусови.
Од УХМР уште соопштуваат дека не се исклучува можноста таквото време да продолжи и за време на престојниот викед. УВ индексот ќе изнесува 9.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.