Била во пошта, а кога завршила работа извикала – Имам корона!
Во Загреб денес итно морала да биде затворена една филијала на поштата откако во неа си „завршила работа“ жена што рекла дека е заразена со коронавирусот. Жената во тоа врем требало да биде во самоизолација.
Таа дошла со коверт со лекарска документација, а откако завршила тоа што треба, присутните ги известила дека е заразена од Ковид-19. „Во околу 9 часот и 15 минути утрово, жената заразена со коронавирус која што требала да биде во самоизолација, дошла во поштата, завршила работа и потоа на сите им кажала дека е позитивна на вирусот и дека треба да ја дезинфицираат поштата.
Затоа ја затворивме поштата, почекавме да дојде епидемиолог, ги запишавме сите луѓе кои што беа внатре и понатаму постапуваме според правилата“ – изјави за медиумите Валентино Рајковиќ, шеф на Цивилната заштита во Нов Загреб.
ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:
27 годишната родилка заразена со КОРОНА ВИРУСОТ од Куманово – почина!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.