Била во пошта, а кога завршила работа извикала – Имам корона!

Била во пошта, а кога завршила работа извикала – Имам корона!

Во Загреб денес итно морала да биде затворена една филијала на поштата откако во неа си „завршила работа“ жена што рекла дека е заразена со коронавирусот. Жената во тоа врем требало да биде во самоизолација.

Таа дошла со коверт со лекарска документација, а откако завршила тоа што треба, присутните ги известила дека е заразена од Ковид-19. „Во околу 9 часот и 15 минути утрово, жената заразена со коронавирус која што требала да биде во самоизолација, дошла во поштата, завршила работа и потоа на сите им кажала дека е позитивна на вирусот и дека треба да ја дезинфицираат поштата.

Затоа ја затворивме поштата, почекавме да дојде епидемиолог, ги запишавме сите луѓе кои што беа внатре и понатаму постапуваме според правилата“ – изјави за медиумите Валентино Рајковиќ, шеф на Цивилната заштита во Нов Загреб.

ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

ЧЕШИНОВО – ОБЛЕШЕВО ПОД КЛУЧ, а градоначалникот во карантин

27 годишната родилка заразена со КОРОНА ВИРУСОТ од Куманово – почина!

Еве зошто заштитните ракавици го зголемуваат ризикот од инфекција на коронавирусот: Треба ли да ги носиме?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.