Џоди Томас од Велс не ни сонувала во што ќе се претвори нејзиното одење да купи кондури со ќерката.
На Фејсбук таа сподели фотографија на кои го покажа стапалото на ќерката Сиена, која пробала кондури без чорапи.
-Ги предупредувам сите родители на детето да му облечат чорапи пред пробувањето на нови кондури. Јас сум крива што тоа не го направив и сама, а последицата може да биде инфекција која се шири по тело, напиша вознемирената мајка.
Имено, на нејзината ќерка и е дијагностицирана сепса, а лекарите веруваат дека развила поради бактерија која девојчето ја добива во кондура, а која влегла во отворена рана на нејзиното стапало.