Германската влада ќе обезбеди пари за дополнителни 10.000 војници до крајот на годината, што е зголемување од околу 4%, објави денеска „Билд“, повикувајќи се на владини извори.
Весникот наведува дека од буџетот ќе бидат обезбедени средства и за 1.000 цивилни службеници за армијата до крајот на 2025 година.
Тоа зголемување е предвидено во буџетот за оваа година, кој германската влада ќе го одобри следната недела. Новите работни места ќе ги вклучуваат германските копнени, воздушни, поморски и кибер сили, објави весникот.
Моментално, за Бундесверот работат речиси 183.000 војници. Покрај тоа, има речиси 81.000 цивилни вработени. Но, ова не е доволно, пишува „Билд“, бидејќи како членка на НАТО, Германија мора да придонесе повеќе за националната и алијансата одбрана.
На Германија ѝ се потребни до 60.000 дополнителни војници според новите цели на НАТО, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус претходно овој месец.



